Атрактивната пејачка Рада Манојловиќ важи за една од најзгодните естрадни ѕвезди во соседството.
Многу коментираат дека времето за пејачката застанало и дека таа секоја година е се поубава и поубава.
Српските медиуми сега на големо пишуваат дека таа се нафатила на потег кој го применуваат сите светски ѕвезди кога е во прашање нивното тело.
Имено таа направила осигурување на своите долги нозе кои се нејзин најголем атрибут, иако многумина мислеа дека таа ќе му даде предност на нејзиниот глас, бидејќи е пејачка, а не манекенка.
-Сите и говореа тоа да го направи. Тоа го направи во една од најпознатите швајцарски осигурителни компании. Во прашање е висока сума на пари, но не сакаше да открие за која сума станува збор, вели извор за соседните медиуми.