петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

По ужасната борба за живот, конечно среќна вест: Дарко Лазиќ повторно ќе стане татко

По ужасната борба за живот, конечно среќна вест: Дарко Лазиќ повторно ќе стане татко

Дарко Лазиќ кој води тешка борба по ужасната сообраќајка, за нешто повеќе од 6 месеци ќе стане татко по вторпат.

Според извор близок на семејството Лазиќ, девојката на Дарко, Марина Гагиќ пред неколку дена дознала дека е бремена, на почетокот на третиот месец.

-Марина не добила циклус, но мислеше дека е последица на стресот кој го доживеа од несреќата на Дарко. Меѓутоа, прегледот покажа дека не е во прашање тоа, туку бременост. Почна да плаче, не можеше да верува што се случува. Секако, веста веднаш му ја соопшти на своето и семејството на Дарко, вели соговорникот на српски Телеграф.

Како што објаснува, Марина убавата вест му ја кажала на Дарко во вторникот.

-Тој дозна пред два дена. Плачеше и се смееше во исто време. Во ситуацијата во која се наоѓа, поубава вест не можеше да слушне. Сосема сигурно е дека тоа му дава сила и ветар во грб за да се бори за побрзо закрепнување, додава изворот за Телеграф.

Потсетуваме, пред неколку дена се појави информација дека Марина го оставила Дарко, но неговата мајка тоа го демантираше, а сега потврди дека бебето доаѓа:

-Вистина е, да. Марина е бремена. Пресреќни сме, сите, што друго да ви кажам? И Дарко и сите ние, одговорила Бранка.

Исто така се појавија и шпекулации дека пејачот не може да има деца, што во случајот се покажува како неточно.

Најнови вести