Мајката на на Немања Гудељ, Оливера во текот на изминатиот викенд го прослави својот роденден, а честитки прими од бројни корисници на Инстаграм.
Имено ќерката на Оливера, Вања објавила фотографија од својата мајка по повод нејзиниот роденден, а честитките само се нижеле.
Меѓу нив бил и коментарот од нејзината поранешна снаа, пејачката Сања Вучиќ за која во медиумите се шпекулираше дека била во љубовна врска со фудбалерот Немања Гудељ во минатото.
По прекинувањето на врската и неговото започнување на новата љубовна романса со Анастасија Ражнатовиќ, Сања сепак останала во добри односи со мајката на фудбалерот.
„Schatjes“, коментираше Сања, што во превод значи (душо, љубов, драга…)
По овој нејзин коментар претпоставките од минатото само се потврдија, но сега веќе нема простор за кревање на прашина, бидејќи фудбалерот е во врска со ќерката на Цеца со месеци наназад.