понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина актерот Пол Ритер, sвездата на „Хари Потер“, „Чернобил“ и „Џејмс Бонд“

Почина актерот Пол Ритер, sвездата на „Хари Потер“, „Чернобил“ и „Џејмс Бонд“

Актерот Пол Ритер, ѕвездата на „Friday night dinner“, почина од тумор на мозок, пренесуваат светските медиуми. Тој имаше 54 години.

Kaко што наведува агентот на актерот, тој починал во понеделникот.

– Почина мирно дома, опкружен со сопругата Поли и синовите Франк и Ном покрај него. Имаше 54 години и страдаше од тумор на мозокот Пол беше исклучително талентиран актер … Беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Многу ќе ни недостасува – се наведува во соопштението за печатот.

Пол Ритер исто така глумеше во филмовите Хари Потер и полукрвниот принц, како и во филмот Џејмс Бонд: Зрно на утехата.

Го познаваме и од улогата на Анатолиј Дијатлов во серијата „Чернобил“.

Најнови вести