четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина диригентот Џејмс Ливајн, кариерата му заврши со скандал за сексуално злоставување

Почина диригентот Џејмс Ливајн, кариерата му заврши со скандал за сексуално злоставување

Американскиот диригент Џејмс Ливајн почина на 78 годишна возраст. Пре три години тој се најден со скандал за сексуално злоставување, по кој заврши неговата кариера. Ливајн 40 години помина на позицијата музички директор на „Метрополитен опера“ во Њујорк.

Ливајн починал од природна смрт на 9 март во Пал, Спринг во Калифорнија, изјавил неговиот долгогодишен доктор за Франс прес.

Ливајн е именуван за музички директор на „Метрополитен“ во 1976 година. Институцијата на трансформирал во една од најголемите светски опери. Поради Паркинсонова болест во 2016 година се повлече од директорската позиција, но доби титула почесен музички директор и продолжи да диригира.

Со оркестарот на Метрополитен диригирал вкупно 2550 пати. Позицијата почесен музички директор ја задржал до 2017 година кога е суспедиран по објавување на сведочења од неколку мажи кои го обвинија за сексуално злоставување во Њујорк Тајмс и Њујорк Пост.

Во март 2018 година Метрополитен ги објави заклучоците од својата истрага кои потврдиле дека постојат веродостојни докази за сексуалното злоставување. Операта тогаш му ги укина сите функции кои ги имал во таа институција. Ливајн ги негирал обвинувањата, ја тужел оперската куќа за клевета и прекин на договорот, а случајот бил решен следната година со договор.

Најнови вести