петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина позната актерка: Децата се плашеа од неа поради ОВАА улога, но таа беше ОМИЛЕНА меѓу фановите

Почина позната актерка: Децата се плашеа од неа поради ОВАА улога, но таа беше ОМИЛЕНА меѓу фановите

Актерката која го позајмуваше гласот на вештерката Урсула во еден од најпопуларните анимирани филмови на Дизни, Малата сирена, почина на 96-годишна возраст, потврди нејзиното семејство.

-Пет Керол почина од пневмонија во нејзиниот дом во Кејп Код, објавија странските медиуми.

Пет беше актерка и комичар, а гласот го позајмуваше за бројни цртани филмови, од кои најпознат е „Малата сирена“ од 1989 година.

Нејзината морска вештерка Урсула сè уште е меѓу најомилените или најстрашните негативци на „Дизни“.

Пет во една прилика рекла дека нејзиниот животен сон бил да учествува во филм на „Дизни“, па кога ја поканиле да биде Урсула, таа не се двоумела.

Најнови вести