среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина третиот брат на Тома Здравковиќ, на ист ден како и пејачот

Почина третиот брат на Тома Здравковиќ, на ист ден како и пејачот

Братот на пејачот Тома Здравковиќ, Иван починал вчера на 90 годишна возраст во Белград.

Иван најдолго живеел од тројцата браќа и една сестра колку што биле во семејството во кое е роден Тома. Иван почина на ист ден како и неговиот брат Тома, 30 септември и тоа на 30 годишнината од неговата смрт.

Иван инаку живеел во Панчево и бил поранешен службеник во југословенската царина.

Како што пренесуваат српките медиуми, Иван имал тешка операција и до неодамна бил во болница. Сепак возила на Итна помош често доаѓале на неговата адреса.

Тома Здравковиќ почина на 30 септември 1991 година.

Најнови вести