петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

„Политичарите се плашат од мене бидејќи ја знам нивната интима“ – Јована Јеремиќ најави дека ќе открие тајни за познатите личности

„Политичарите се плашат од мене бидејќи ја знам нивната интима“ – Јована Јеремиќ најави дека ќе открие тајни за познатите личности

Јована Јеремиќ е една од најдобрите во својата професија, а тоа е така токму поради фактот што не се колеба да ја каже вистината, поставува незгодни прашања и отворено зборува за се.

Водителката призна дека знае многу тајни на познатите личности.

-Политичарите се плашат од мене бидејќи ја знам нивната интима. Знам многу, но молчам, не зборувам. Доаѓаат кај мене наутро и тоа е услуга на службата. Има многу јавни личности кои имаат љубовници, а во утринската програма ќе продолжам да откривам романси во иднина. Јас прва зборував за Тања Савиќ и Драшко Станивуковиќ, тоа беше јавна тајна. Не е точно дека ѝ го уништив бракот, тогаш беше сама, исто како Драшко, вели Јеремиќ за српски Телеграф.

Таа објаснува дека секогаш е за паролата: „Подобро добар развод отколку лош брак“.

-Отсекогаш било пофер според мене, луѓето на кои не им оди во бракот убаво и транспарентно да се разведуваат, а не да ја лажат јавноста. Најголем пораз е кога ќе се изневериш себеси, човекот секогаш треба да биде искрен со своите емоции. Со оглед на тоа дека ги кршам сите предрасуди во новинарството, но и во општеството, успешно ги уривам предрасудите дека е подобро да се биде во лажен брак отколку да се разведе. Разводот е нормална работа, а најголемиот пораз е да се остане во заедницата, семејството кое ја нема својата суштина, туку само темелите. Семејството е најважно, јас сум семејна жена, но само ако е вистинска, искрена и исполнета со љубов, а не само со почит. Јас сум борец против лажни семејства. Апсолутно никогаш не изневерував и никогаш не си дозволив да бидам љубовница. Да дојдеше Путин кај мене додека бев во брак, ќе му кажев: „Не! Мора да почекате да се разведам, па тогаш“, вели Јована.

Да потсетиме, Јована неодамна се разведе од сопругот Воислав Милошевиќ, старателството над ќерката и припадна неа. Тие останаа во одлични односи.

Најнови вести