Селена Гомез овој февруари решила да го помине на тропска дестинација, со неколку најдобри пријателки, неколку дена пред венчавката на една од нив.
26-годишната пејачка веќе извесен период го избегнува медиумското внимание, па ваквите фотки се вистинска реткост.
Селена е отворена за тешкиот период низ кој минуваше, а беше поврзан со нејзиното физичко, но и ментално здравје, па моментите на кои изгледа здраво и среќно вистински ја израдуваа јавноста.