Светски популарните манекенки Џиџи и Бела Хадид се ограбени на Миконос, а крадците им однесе вреден накит и други аксесоари. Овие убавици им олесниле работа на крадците со тоа што сиот накит го фотографирале и го закачувале на Инстаграм, па тие знаеле точно што да бараат.
Тие двете се ограбени додека биле на журка, а кога се вратиле нашле испревртена вила, а крадците им го зеле целиот накит и други вредни „дребулии“.
Непознати крадци провалиле во вилата и однесе се што оставиле девојките, вклучувајќи го накитот, лаптоповите и другите вредни работи.
Нивниот татко Мохамед Хадид рекол дека девојките се „истрауматизирани“ од кражбата и никогаш повеќе нема да летуваат во монденското грчко летувалиште.