Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ по раскинувањето со пејачот ужива, а доказ за тоа е и видеото што го објави на својот Инстаграм профил.
Имено Марина и Дарко ја прекинаа врската пред четири месеци, а Лазиќ наводно има и нова девојка и ужива во врската со колешката Барбара Бобак. Но, и Марина не е сама и не „мирува“, пренесуваат српските медиуми.
Поранешната на пејачот буквално се посветила на себе си и нивниот заеднички син Алексеј, но и на новата љубов.
Таа сподели видео од престојот во една вила со базен, а додека го снимаше погледот таа наиде на масата каде имаше две чаши со вино, со што покрена лавина коментари и дилеми дали е сама.
„Марина очигледно не е сама“, „Што не снимаше со кој си?“, „Марина имаш ново момче?“, „Те издадоа чашите за вино и двата чинии на масата“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.