Поранешната холандска манекенка Ширли Лили Бекер (47) проговори за бурната врска со Борис Бекер (55) и тврди дека шесткратниот победник на Грен слем турнирите сакал да ја уништи.
Тениската легенда доби лоша репутација откако минатата година беше затворен во Британија поради криење на имот во вредност од 2,5 милиони фунти. Бекер неодамна се врати во Германија откако беше предвремено ослободен од затвор и тврди дека се сменил и „средил“.
Меѓутоа, неговата втора сопруга, чие моминско презиме е Керсенберг, со која беше во брак девет години од 2009 до 2018 година и со која го има синот Амадеус (13), сега во шокантно интервју за германски Билд изнесе нови обвинувања против пензионираниот шампион.
Во интервју за Билд, таа го опиша како „нарцисоиден егоист“, тврдејќи дека за време на нивната врска тој постојано бил неверен.
-Го оставив во 2018 година и никогаш нема да ми прости. Не го оставаш Борис Бекер. Оттогаш тој сака да ме уништи, рекла Лили, а потоа раскажала како немала ниту цент со себе и не знаела што да прави.
-Беше поразително. Никогаш не сум се чувствувала толку грдо, старо и непожелно, вели поранешната госпоѓа Бекер. Потоа решила да оди на Ибица и да се обиде да го заборави Бекер.
-Ја пробав секоја печурка, секој алкохол, секоја дрога на Ибица. Не можев да се опијам доволно за да го заборавам, признала таа.
Таа во интервју за Билд изјави дека знае оти Бекер се плаши дека не може да влијае на содржината на документарецот.
-Тој е навикнат да може да управува и да манипулира со другите. Но, нема да му дозволам да ме замолчи, дури и ако повторно дојде по мене со своите адвокати. Го оставив затоа што повеќе не можев да ги поднесам неговите лаги и лошиот карактер. Не добив одговори на моите прашања… Тој едноставно повеќе не се однесуваше добро со мене, објасни таа.