Поранешниот модел и поранешна сопруга на Еди Марфи, Никол Марфи (53), е сериозна конкуренција на славната Џенифер Лопез кога е во прашање титулата „најдобар задник“.
Никол беше фотографирана на улица откако купила пецива и лимонада, во опуштено издание, во тренерка, со капче и заштитна маска на лицето.
Меѓутоа, кога им сврте грб на фоторепортерите, било вистинско уживање да ја сликаат. Никол е во одлична форма, тренира редовно, што се гледа по нејзиниот изглед и задник.
Поранешната сопруга на славниот актер го покажа и своето ново „милениче“, автомобилот Мерцедес, кој вреди околу 100.000 долари.
Поради нејзините снимки одзади, многумина коментираат дека Џеј Ло има сериозна конкуренција и дека Никол „се заканува“ дека ќе ја симне од тронот на листата на најдобри задници на познати дами.
„Леле!“, „Како изгледа женава“, „Презгодна си“, „Каков задник“, „Џеј Ло на апарати“, „Оваа жена е бомба“, „Џенифер има сериозна конкуренција“, се некои од коментарите.
Да потсетиме, Никол и Еди беа во брак од 1993 до 2006 година и имаат пет заеднички деца, ќерките Бри, Мајлс, Шејн, Зола и Бела, додека актерот има вкупно десет деца со пет различни жени.