Телевизиската водителка Илари Блази за италијанскиот „Corriere dello Sport“ прозборе за нејзиниот развод со фудбалерот Франческо Тоти.
„Секогаш сум ги штитела моите деца и ќе продолжам да ги штитам. Заштитата на моите деца е на прво место. Секој е одговорен за своите постапки. Во последните години видов работи кои можат да уништат околу 50 семејства“, изјави Блази преку адвокатот Алесандро Симеоне.
Италијанските медиуми претходно пишуваа за тоа како Тоти ја изневерувал Илари со Ноеми Боки со која беше виден на вечера во ресторан во Торино. Фудбалерот неодамна објави дека се разведува со Илари.
„Се обидов да ја надминеме кризата во нашиот брак, но сега разбрав дека одлуката за разделба, иако болна, беше неизбежна. Се што кажав и направив во изминатите месеци беше со намера да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат на врвот од листата на приоритети во мојот живот. Ќе останам близок со Илари за да можеме заедно да ги одгледуваме нашите три убави деца и секогаш ќе ја почитувам својата сопруга. Верувам дека ќе се почитува нашата приватност, особено мирот на нашите деца“, тој рече.
Тоти и Илари се запознале и почнале да излегуваат во 2002 година, а се венчаа во јуни 2005 година. Заедно имаат три деца – синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел.