недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Поранешниот сопруг ѝ бара вртоглава сума пари или во спротивно ќе објави снимки што ќе ја „закопаат“: Додека тој се заканува, Бритни повторно прави хаос

Поранешниот сопруг ѝ бара вртоглава сума пари или во спротивно ќе објави снимки што ќе ја „закопаат“: Додека тој се заканува, Бритни повторно прави хаос

Бритни Спирс и Сем Ашгари се разведуваат по една година и два месеци брак. Во медиумските шпекулации и извештајот на „ТМЗ“ се наведува дека причината е измама и дека пејачката е виновникот.

По правната битка со нејзиниот татко и членовите на семејството околу контролата на кариерата, имотот, финансиите и приватниот живот, Бритни Спирс беше подготвена за ново поглавје во нејзиниот живот, сепак, иако се чинеше дека конечно е слободна да го каже судбоносното „да“ на кого сака и да прави со својата кариера што сака, сега повторно е во центарот на вниманието поради нејзиниот развод.

Сем Ашгари бара од Бритни да му плати повеќе пари отколку што било предвидено во предбрачниот договор, а за возврат нема да открива „валкани“ приватни детали за неа и нејзините постапки, пренесува „Page Six“.

Не е познато колку пари Ашгари бара од Спирс, но извори блиски до тимот на пејачката тврдат дека таа е заштитена и дека нивниот развод и разделба ќе биде достоинствен и мирен.

„Она што го прави е уцена и тоа што го сака нема да се случи“, изјавил изворот за „Page Six“.

Од друга страна, Бритни делува незаинтересирано и воопшто не е загрижена за уцените на Сем бидејќи, додека медиумите пишуваат за потенцијалната лавина информации кои Ашгари може да ги објави во јавноста, пејачката објави дека купува коњ и ужива во животот.

На почетокот на оваа година, се шпекулираше дека пејачката и нејзиниот сопруг наишле на тежок период во нивната врска и сакале да го прекинат бракот, а овие шпекулации ги „подгреал“ и фактот дека Сем не носел бурма. Но, неговиот портпарол ги демантираше ваквите шпекулации, велејќи дека се е во ред во бракот на Спирс и Ашгари.

Најнови вести