На социјалните мрежи осамна фотографија на пејачката Дара – Бубамара која позира во зелен едноделен костим со пердуви, што предизвика лавина коментари, а една работа им привлече внимание на сите.
Имено, Дара носеше идентична креација која некогаш ја носеше учесничка во реалното шоу „Задруга“, старлетата Маја Маринковиќ, поради што веднаш почнаа споредбите „на која костимот подобро и стои“. Луѓето најмногу коментираа за пердувите во облик на крила на рамениците на Маја и Дара.
„Со овие пердуви сега уште само да полетаат“, беше најдуховитиот коментар.
Модерен моден детаљ или одраз на количината на умот – заклучете самите?