сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

После раскинувањето со Цеца почна добро да заработува: Богдан добива и по 400 евра за само 24 часа, а еве и како!

После раскинувањето со Цеца почна добро да заработува: Богдан добива и по 400 евра за само 24 часа, а еве и како!

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ и Богдан Срејовиќ ставија крај на нивната романса, а сега тој на својот Инстаграм профил покажа како профитира после разделбата.

Имено, него секојдневно го контактираат да рекламира одредени производи на својот Инстаграм профил, на кој што има околу 35 илјади следбеници.

Овој пат Богдан рекламираше еден производ, а цената на рекламата варира и се движи од 150 до 400 евра ако се објави како стори, а доколку биде објавена на ѕидот на самиот негов профил можи да достигни и до 700 евра.

Двајцата решиле да стават крај на романсата, а за причините решиле да не зборат.

Инаку, кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска.

Оваа врска започнала непосредно порано, но поради честите заеднички настапи со пријателите низ градот стана забележлива. Во претходниот период Светлана и Богдан поминуваа многу време заедно, а одредени моменти од љубовната приказна покажаа на социјалните мрежи. Се стекна впечаток на севкупна хармонија, како и семејни блиски односи на двете страни. Тоа беше причината да не изненади информацијата дека е ставен крај на оваа точка, што српски Телеграф ја дозна од извор близок на оваа двојка, а подоцна и од самите тие кои не сакаа да даваат изјави и да кажат ништо поконкретно за оваа тема.

Она во што беа едногласни беше:

– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот, се наведува во заедничкото соопштение.

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен. Во ниту еден детал нема простор за сензационализам, бидејќи ниту раскинувањето не е бурно, ниту трето лице е вмешано, но двете страни сфатија дека емоциите избледеа.

Најнови вести