петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Последната кралица сопруга која била крунисана било пред 85 години – еве каква круна ќе носи Камила по крунисувањето идната пролет (ФОТО)

Последната кралица сопруга која била крунисана било пред 85 години – еве каква круна ќе носи Камила по крунисувањето идната пролет (ФОТО)

Крунисување на кралот Чарлс Трети ќе се одржи во сабота, на 6 мај 2023 година, во Вестминстерската опатија. На церемонијата заедно со кралот ќе биде крунисана и кралицата сопруга, беше објавено на официјалниот твитер-профил на кралското семејство откако од Бакингемската палата стигна соопштение за крунисувањето, во кое се наведува дека „кралицата ќе биде крунисана заедно со кралот, на слична, но поедноставна церемонија“.

Кралицата сопруга, Камила Паркер Боулс ќе биде помазана и крунисана на свечена церемонија која, според Бакингемската палата, ќе биде комбинација на старото (традиционално) и модерното, за да се покаже дека владеењето на Чарлс Трети ќе биде „вкоренето во долгогодишната традиција“, но и дека ќе ја одразува улогата на монархот денес и ќе гледа кон иднината.

Последната кралица сопруга, која била крунисана заедно со кралот Џорџ Шести во 1937 година, е кралицата мајка, Елизабета Прва. Надбискупот од Кентербери на церемонијата ѝ ја помазал главата со свето масло, на раката ѝ го ставил прстенот на кралицата и ѝ врачил жезол и стап од слонова коска. Потоа кралицата мајка му се поклонила на својот сопруг.

Кралот Чарлс на крунисувањето ќе има 74 години и ќе стане најстариот монарх што бил крунисан. Тој датум е и роденден на неговиот внук Арчи, син на принцот Хари и Меган Маркл.

Инаку во меѓувреме британските портали објавија и која круна би можела да ја носи идната кралица, сопруга на кралот на Велика Британија.

Најнови вести