Луис Хамилтон не беше задоволен од перформансите на болидот на Мерцедес во Белгија, а во јавноста е актуелен и поради специфичниот аутфит, со кој веќе традиционално се издвојува од останатите возачи во Формула 1.
Седумкратниот светски шампион можеби и го достигна врвот на Спа, каде деновиве се појави во аутфит кој предизвика многу коментари.
Реагираше и Тим Коронел, познатиот холандски рели возач, кој преку Инстаграм побара објаснување за изгледот на Хамилтон.
– Не разбирам? Дали некој дозна зошто Хамилтон носи ваков аутфит? – праша Коронел, при што доби и многу интересни коментари.