недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пријовиќ за три концерти ќе земе 1.000.000 евра – пејачката сепак не е рекордер, овој пејач пеел шест дена по ред и заработил дупло пари!

Пријовиќ за три концерти ќе земе 1.000.000 евра – пејачката сепак не е рекордер, овој пејач пеел шест дена по ред и заработил дупло пари!

Пејачката Александра Пријовиќ денеска ќе го одржи првиот од трите концерти во белградската арена, по кои ќе биде побогата за дури еден милион евра.

Според математиката пејачката откако ќе ги исплати сите трошоци и данокот ќе земе 946.206 евра.

Таа е првиот натпреварувач во „Ѕвездите на гранд“ кои закажал три белградски арени и ќе пее три ноќи по ред.

Според достапните информации на официјалниот сајт на „Штарк Арена“ нејзиниот капацитет е 19.866 места, а кога ќе се соберат сите места се доаѓа до цифра од 415.261 евра по концерт.

Кога оваа цифра ќе се помножи по три концерти се доаѓа до цифра од 1.245.784 евра за сите три ноќи.

Сепак, таа мора да плати организација за концертите, а тука спаѓаат бината, редари, танчари, оркестар и многу други работи, а сумата на крај изнесува околу 100 илјади евра.

Исто така Пријовиќ мора да плати данок на државата од 41.426 евра по концерт, но и закупнина на „Штарк Арената“.

Сепак, таа нема да биде единствената која ќе заработи толку пари до крајот на оваа година, четири концерти закажа и Дино Мерлин во месец ноември.

А, рекордот во најмногу одржани концерти го држи Здравко Чолиќ кој распродал шест концерти во 2019 година и инкасирал 1.800.000 евра.

Најнови вести