Бремената војвотка од Сасекс не застанува! Иако е во седмиот месец од бременоста, откако се врати од Њујорк, каде имала раскошна забава, Меган Маркл со сопругот, принцот Хари, отпатувале во Мароко, каде три дена ќе му бидат гости на кралот Мухамед.
Но, убавата војвотка внимателно бирала што ќе облече за пристигнувањето на аеродромот во Казабланка.
Меган уште при самото излегување од авионот ги магепсала сите присутни поради прекрасната црвена тоалета од Валентино, со извонредни детали, со кои, попатно ѝ оддала почит на земјата во која дошла.
Како што пишува „Harper’s Bazar“, црвената боја има историско значење во Мароко и претставува отпор, храброст, сила и херојство на нивното национално знаме, погледнете.