Принцот Хари и неговата избраничка Меган Маркл продолжуваат со кампањите против ширење на говор на омраза преку онлајн платформите како што се социјалните мрежи и медиумите. Во ,,бојкотот’’ тие ги придружуваат и многу светски компании кои престанаа да се рекламираат на ,,Фејсбук’’.
Станува збор за протест против објавување на лажни вести, кои ги одобрува социјалната мрежа ,,Феjсбук’’. Станува збор за одобрување на политички реклами, лажни вести и ширење на дезинформации.
За да се заштитат вредностите, претставниците на многу корпорации како Кока-Кола, Хонда и Левис ги повикуваат останатите корпорации да не се рекламираат преку ,,Фејсбук’’ за да се испрати силна порака дека промовирање на расизмот, антисемитизмот или насилството не се исплаќа.
Основачот на ,,Фејсбук” Марк Цукенберг се изјави дека ,,Фејсбук” ќе ги означи сите постови поврзани со изборите во САД со линк кој ќе ги води корисниците до страница со посебни информации.