четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Пристигнаа резултатите од обдукцијата: Ќерката на Милиќ Вукашиновиќ не починала од дрога

Пристигнаа резултатите од обдукцијата: Ќерката на Милиќ Вукашиновиќ не починала од дрога

Популарниот српски рокер Милиќ Вукашиновиќ неодамна ја загуби ќерката Маја Авдибеговиќ, а тагата тешко ја поднесува.

Тој открива дека неговата наследничка не починала од дрога, како што се шпекулираше, туку од предозирање со лекови против самоубиствени нагони.

-Маја навистина држеше до зборот да не зема дрога и тоа го знам бидејќи бевме со неа последните денови. Таа не земаше дрога, туку антидепресиви. Неодамна ги добивме резултатите од обдукцискиот наод кои се токсични. Немало дрога, но имало лекови. Таа баш тие денови доживеа нова љубов и навистина беше нешто големо и убаво, ние го запознавме тоа момче. Се се случи за 20 дена. Неговите родители најверојатно слушнале дека Маја е наркоманка и тој мораше да стави крај. Таа на докторот му праќаше пораки и го праша дали може да ја зголеми дозата, бидејќи најверојатно по раскинувањето и се влоши состојбата, вели рокерот.

Тој додава дека токму тогаш најверојатно неговата ќерка помешала таблети и се предозирала со лекови.

-Се е поради љубовта која се разгори, па се прекина. Ние тоа не го знаевме, кога дојдовме таму и ја видовме угушена, сфативме за што станува збор. Сузана најде телефон и ги видовме пораките, па сфативме што се случувало. Прво ги видовме пораките со мајката на тоа момче, а последната нејзина порака беше испратена кон него: „Јас те сакам безрезервно, а ти ја предаде нашата љубов“. Последно што има објавено е песната „Скали до небото“. После се не се слушнав ниту со момето, ниту со неговата мајка. Тие дури не изразија ниту сочувство, вели Вукашиновиќ.

Милиќ проговорил за периодот кога неговата ќерка почнала да се одвикнува од дрогата, но и за неговата зависност со кокаинот и алкохолизмот.

-На својата прва жена и реков да не правиме деца бидејќи знаев дека тоа дете ќе ја наследи мојата генетика и природа. На мои 13 години, кога почнав да свирам, ме носеа пијан дома. Користев дрога, со игла и без неа, шмркав кокаин, пушев марихуана и пиев виски, се на екс. Најмногу кога бев во Лондон. Се излекував од кокаинот, но останав периодичен алкохоличар. Можев да ставам во себе додека не умрам. Јас знаев дека некако ќе преживеам, за жал, мојата ќерка не, вели рокерот.

Најнови вести