петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Проговори крадецот на Ким Кардашијан: Воопшто не жалам, таа фрлаше пари наоколу, па…

Проговори крадецот на Ким Кардашијан: Воопшто не жалам, таа фрлаше пари наоколу, па…

Старлетата Ким Кардашијан беше ограбена во 2016-та година во престижен хотел во Париз, а сега за прв пат се огласи и крадецот Јунис Абас кој откри како се случило сето тоа.

Имено, Ким тогаш беше ѕвезда на модната недела во Париз, а откако се вратила во хотелот, се одморила на кревет кога крадци упаднале и го одзеле нејзиниот накит вреден 10 милиони долари.

По овој грабеж Јунис бил уапсен, а сега ги открил сите детали од упадот во хотелот, па раскажал и дека прво го онеспособиле рецепционерот.

Откако помина 22 месеци во затвор, тој вели:

„Воопшто не жалам. Гледав едно од реалните шоуа кога нејзините дијаманти паднаа во морето. Мислев дека е богата, не и е грижа. Бидејќи фрлаше пари наоколу, решив да ги подигнам и толку“ – рекол крадецот.

Најнови вести