Модната недела во Њујорк нуди материјал за многубројните модни критичари.
И додека некои дами навистина блескаат во елегантни креации и нивното издание претставува „домашна задача“ од кој пример треба да земат другите, има и такви кои се појавуваат во издание кое е прилично збунувачки. Таков беше примерот со најпознатиот плус-сајз модел, Ешли Греам.
Таа за една забава во рамки на њујоршката модна недела се одлучи за светкав бордо фустан, кој е премногу тесен за нејзините бујни облини.
Покрај тоа што на славната манекенка јасно и се гледаше долната облека под провидниот фустан, уште поголем проблем беше длабокиот шлиц, кој како што коментираат медиумите, открил премногу.
Токму поради ова прашањето е дали Ешли (29) со овој потег ја премина границата на добар вкус, или пак покажа дека е храбра и дека може да носи што и да посака.