Пејачката Александра и посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ за првпат станаа родители на нивното прво дете, синот Александар.
Имено, Пријовиќ, сега Живојиновиќ се породила во приватна клиника со царски рез.
Нејзините најблиски и најмили се огласија на социјалните мрежи споделувајќи ги радосните вести.
Семејството Живојиновиќ беше во посета на Александра, па братот на Филип, Стефан Живојиновиќ објави фотографија од Александра, Филип и помалиот брат Виктор.
Ова е прва фотографија на Пријовиќ по породувањето.