Српската пејачка Александра Пријовиќ, денеска излезе од приватната болница во Белград, во која во средата на свет го донесе синот Александар.
Мајката и бебето се чувствуваат одлично, а дека е се во најдобар ред се гледа и на фотографиите по напуштањето на породувалиштето. Пејачката не ја криеше широката насмевка, а по неа, покрај сопругот Филип, дојде и свекорот Боба Живојиновиќ, со луксузен автомобил.
Боба и Филип прво ги сместија работите во автомобилот, а потоа Александра излезе од тајниот излез на болницата и во гаражата влезе во автомобилот.
Таа на себе носеше кариран фустан, а гордиот татко го носеше синот.