сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Први фотографии: Џенифер Лопез се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас, го зеде неговото презиме и ја покажа бурмата

Први фотографии: Џенифер Лопез се омажи за Бен Афлек во Лас Вегас, го зеде неговото презиме и ја покажа бурмата

Џенифер Лопез и Бен Афлек стапија во брак. Популарниот пар ги изненади фановите откако објави дека се венча во Лас Вегас на мала церемонија.

Jennifer Lopez uploaded to her newsletter pics from her and Ben’s wedding. Credit: On The JLo
Jennifer Lopez uploaded to her newsletter pics from her and Ben’s wedding. Credit: On The JLo

52-годишната пејачка сподели неколку фотографии од свадбената ноќ и објави дека ќе го земе презимето на 49-годишниот актер. Во нејзината порака до обожавателите се вели:

Љубовта е убава. Љубовта е добра. И испадна дека љубовта е трпелива. 20 години трпелива.

Токму тоа што го посакувавме. Синоќа одлетавме до Вегас, чекавме во ред за дозвола за брак со четири други парови, сите на исто патување до светската метропола на свадбите…

…Со најдобрите сведоци кои можете да си ги замислите, фустан од стар филм и сако од плакарот на Бен, си ги прочитавме заветите во мала капела и си ги дадовме прстените кои ќе ги носиме до крајот на нашите животи…

…Кога љубовта е вистинска, единствено што е важно во бракот е што се имаме еден со друг и ветувањето да се сакаме, да се грижиме, да се разбираме, да бидеме трпеливи и добри еден со друг. Го имавме тоа. Најдобрата ноќ во нашите животи…

…Во право се кога велат „сè што ти е потребно е љубов“. Благодарни сме што ја имаме во изобилие, како и што имаме ново неверојатно семејство со пет прекрасни деца и живот на кој гледаме со нетрпение…

Со љубов,

Г-ѓа Џенифер Лин Афлек

Jennifer Lopez uploaded to her newsletter pics from her and Ben’s wedding. Credit: On The JLo

На една од фотографиите, во розов кадилак позираше и веселата ќерка на Лопез, Еми.

Џенифер објави и фотографија на која ја покажа бурмата.

Крис Еплтон, кој со години се грижи за косата на Лопез, сподели видео во кое таа се подготвува во втор фустан.

Љубовната приказна на Џенифер и Бен, познати и како Бенифер, трае две децении. Тие се верија во април годинава, 18 години откако ја раскинаа првата свршувачка.

Најнови вести