Парис Хилтон, старлета и наследничка на ланецот хотели Хилтон, се омажи за претприемачот Картер Реум.
Парис во февруари оваа година ја сподели веста за свршувачката со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, откако парот беше заедно нешто повеќе од една година.
Тие двајца сега уживаат во медениот месец, а Парис преку неколку фотографии открила колку ужива во него.
– Лизгајќи до рајот. Мојата внатрешна Водолија не може да се засити од овој приватен остров, океан и оваа тропска оаза – напишала Парис, а иако ниту една слика не ја покажува нејзината посилна половина, нема сомнеж дека таа е богата наследничка и дека добро се забавува.
View this post on Instagram