среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ТОН ЕМОЦИИ: Парис Хилтон во прегратка на синот, вака нежна не била никогаш (ФОТО)

ТОН ЕМОЦИИ: Парис Хилтон во прегратка на синот, вака нежна не била никогаш (ФОТО)

Богатата наследничка на синџирот хотели, Парис Хилтон, ги шокираше своите обожаватели откако на крајот на јануари објави дека таа и нејзиниот сопруг Картер Реум станале родители.

Во врска со ова, таа сега ги изненади сите со нова објава во која позира со својот мал син.

„Целото мое срце“ – напиша Хилтон во описот на фотографијата.

Инаку, Парис и нејзиниот сопруг Картер добија син со помош на сурогат мајка и му го дадоа името Феникс Барон Хилтон Реум.

Познатата милионерка неодамна во едно интервју открила дека замрзнала 20 ембриони, а во таа прилика рекла дека секој од нив е момче и дека се надева дека еден ден ќе добие девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Најнови вести