среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Парис Хилтон стана мајка, доби син преку сурогат мајка

Парис Хилтон стана мајка, доби син преку сурогат мајка

Парис Хилтон денеска ги изненади своите следбеници со објава на Инстаграм во која се пофали дека станала мајка.

– Веќе си толку сакан што е невозможно да се опише, напишала во описот на фотографијата на која го држи бебето за рака.

Хилтон ја потврди веста за новороденчето за магазинот Пипл и го откри полот на бебето. Таа нагласи дека отсекогаш сакала да стане мајка.

– Отсекогаш ми бил сон да станам мајка. Среќна сум што јас и Картер се најдовме. Возбудени сме што ќе основаме семејство заедно. Срцата ќе ни пукнат од љубов кон нашето малечко момче, рече таа.

Сопружниците добија дете преку сурогат мајка. Ова е прво дете на Хилтон, додека нејзиниот сопруг Картер Реум има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лора Белизи.

Најнови вести