среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Прво интервју на Шакира по песната со која го прозва Пике: Во болката развив емоционални мускули

Прво интервју на Шакира по песната со која го прозва Пике: Во болката развив емоционални мускули

Колумбиската пејачка го даде првото интервју по објавувањето на нејзината песна која предизвика хаос на интернет и која многумина ја поврзаа со раскинувањето со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

По бурниот период во животот и прилично јавното раскинување со партнерот со кој има две деца, поп ѕвездата сними трилогија песни за својата поранешна љубов, а сега јавно проговори за тоа.

-Открив дека бајката дека на жената и треба маж е лажна затоа што бев зависна од маж и заљубена во љубов. Мислам дека таа приказна ја разбрав од друга перспектива, рекла Шакира во интервјуто кое го пренесува „Ел Паис“.

Шакира и Пике се запознале во 2011 година додека го снимале спотот за нејзината песна „Waka, Waka“ за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Тие никогаш не се венчаа, но добија два сина – Милан и Саша.

Клара Чиа Марта, студентка која работеше во ПР тимот на Пике, неколку пати беше во центарот на вниманието по разделбата на Шакира и Пике, а по некое време фудбалерот престана да крие дека е во врска со неа.

Шакира не криеше дека поради ова и е скршено срцето, за што зборуваше и минатиот септември во интервју за „Elle“. Сепак, по раскинувањето утеха нашла во децата, музиката и пишувањето, што за неа, како што вели, било како посета на психолог.

Така се роди нејзината песна Session #53 со аргентинскиот продуцент Бизарап, во која текстот очигледно е посветен на нејзината поранешна љубов.

-Влегов во студио на еден начин, а излегов на друг начин. Ќе бев на друго место да не ја снимив таа песна, бидејќи откако ќе ти се скрши срцето и ќе доживееш празнина и разочарување, треба да размислиш што чувствуваш, рече Шакира.

Пејачката без „влакна на јазик“ ја задеваше новата девојка на Пике, (23), велејќи во еден стих дека „вреди за две 22-годишни“. И ова е само една од многуте прозивки кои се во песната.

Интересно е што соработката со Бизарап настанала откако ја предложил нејзиниот син Милан.

-Децата имаат посебна чувствителност и јас ги слушам. Песната е создадена на предлог на Милан. Тој ми рече: „Мамо, треба да направиш нешто со Бизарап, која е бог во Аргентина, а јас му покажав дека штотуку напишав песна и му кажав на менаџерот дека сакам да пеам со Бизарап, се присетува пејачката.


Во септември таа ќе го објави својот нов албум, прв по пет години, а ќе содржи песни на англиски и шпански од најразлични жанрови.

Поминувањето низ тежок период ја научил, вели таа, да сфати дека болката е составен дел од животот и да развие „емоционални мускули“.

-Не се остваруваат сите соништа, но животот наоѓа начин да надомести. Секогаш ја избегнуваме болката, но излегува дека таа е составен дел од животот, вели пејачката.

За време на тој процес, таа прифатила дека мора да ги „собере парчињата од подот“ кога некои соништа се скршени.

-Кога жената треба да се соочи со животните проблеми, таа излегува од нив посилна, бидејќи учи да го изразува она што го чувствува. Сега се чувствувам комплетно, бидејќи чувствувам дека се потпирам на себе и имам деца кои зависат од мене, вели Шакира.

Најнови вести