вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Пукна тиквата“ меѓу Харис и Рада: Пејачката зборуваше дека не е подготвена за дете и брак, дали тоа е причината?

„Пукна тиквата“ меѓу Харис и Рада: Пејачката зборуваше дека не е подготвена за дете и брак, дали тоа е причината?

Долго време важеа за еден од најскладните парови на естрадата, а потоа почнаа да се шушка дека нешто не е во ред меѓу нив.

Пејачите Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ на самиот почеток на врската го привлекоа вниманието на јавноста бидејќи тој е дури 9 години помлад од неа.

За овие пет години врска со Харис, Рада изјави дека не е сигурна дека е подготвена за брак и за да се оствари во улогата на мајка.

-Сè уште не е време за брак. Ако гледаме реално, јас сум зрел за брак. Но, жените од естрадата и по 30-тата многу често се реализираат како мајки, како Лепа Брена и Драгана Мирковиќ. Често сме на терен. Им завидувам на колешките што забремениле млади. Тоа е најубавиот момент во животот на една жена. Детето ги подобрува односите, но мислам дека се уште не сум подготвена за бебето. Јас сум реална личност и долго би ја прекинала кариерата доколку забременам. Затоа што не би можела да родам дете без да бидам покрај него, изјави тогаш Рада.

Сега кога се шушка дека раскинале, во ваквите изјави на Рада се бара и причината.

 

Најнови вести