Нови проблеми за легендарниот Диего Марадона, откако остана без дом, зашто свршеницата Розарио Олива, која е 29 години помлада од Аргентинецот, го исфрлила од дома.
Аргентинските медиуми пишуваат дека парот ја раскинал веридбата, а дека убавата жена го исфрлила Марадона од нивниот заеднички дом.
Се претпоставува дека Диего полудел по гостувањето на Олива на телевизија за која кажа дека е слободна жена.
Инаку, Олива е навивачка на Ривер, а Марадона двапати играше за Бока јуниорс и таму ја заврши кариерата.