четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Пуштете ме, ќе платам, имам проблеми“: Откриени детали за приведувањето на Дарко Лазиќ – кокаинот и алкохолот скапо ќе го чинат

„Пуштете ме, ќе платам, имам проблеми“: Откриени детали за приведувањето на Дарко Лазиќ – кокаинот и алкохолот скапо ќе го чинат

Пејачот Дарко Лазиќ е приведен утринава околу 4 часот на автопатот кај Сава Центар, кога бил запрен од полицијата бидејќи на местото каде што била дозволена границата од 80, возел 117 километри на час.

Како што се дознава, на Лазиќ му биле измерени 0,91 промили алкохол, а на допинг тест бил позитивен и на кокаин. Дополнително, утврдено е дека тој возел без возачка дозвола, која му била одземена во декември 2013 година.

-Лазиќ бил запрен во близина на бензинска пумпа, а кога сфатил дека е во неволја се обидел да извади од ситуацијата. Наводно, спомнал дека има емоционални проблеми и дека се скарал со девојката која сакала да го остави. Рече и дека е подготвен да ја плати казната, само да биде ослободен, открива извор за српските медиуми.

-Фолкерот постојано повторуваше дека ништо не пиел, а кога алкотестот покажал дека има 0,91 промили, кренал раменици и додал дека можеби испил „неколку пијачки во еден ресторан“, вели соговорникот на медиумите.

Само неколку часа пред апсењето, пејачот бил на забава со познатиот боксер Марко Николиќ, каде имал и микрофон, а пејачката Душица Грабовиќ цело време била на неговата маса и ја снимала атмосферата.

 

Најнови вести