сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Рада и Харис спремаат свадба како од бајките, но зетот мора да исполни една работа – таткото на пејачката има посебна желба и традиција

Рада и Харис спремаат свадба како од бајките, но зетот мора да исполни една работа – таткото на пејачката има посебна желба и традиција

Свадбата на Рада Манојловиќ и Харис Верковиќ на големо се подготвува, меѓутоа пејачката мора наводно да исполни една желба на нејзиниот татко, а тоа е да ја земе од дома и да ја однесе пред матичарот.

-Тоа ќе биде комплицирано, бидејќи Харис е од Босна, а Рада од Србија, така да многу би се изгубило време. Меѓутоа Рада е човек со модерни сфаќања, а тој нема да се буни ако пејачката од некоја хотелска соба излезе во венчаница, вели извор близок до парот.

Тој додава дека пејачката свадбата ја замислува како идилична бајка и сака да ги собере сите најмили околу себе, а истото да го направи и Харис.

-Момче ко момче, што знам. Сега е такво време, да беше во мое време можеби би се бунел. Млад е, тоа тогаш би било срамота, но денес се е нормално и да е постар 20,30 години. Зошто јас да си ја лупам главата во овој и малку останат живот па да размислувам на кого и што да кажам. Сите ми честитаат за зетот и ме прашуваат дали тој дошол кај мене, вели таткото на пејачката.

Сепак изворот додава дека тој и потенцирал на неговата ќерка за обичајот кој сака да биде испочитуван, доколку има услови за тоа.

Најнови вести