Рада Манојловиќ беше депортирана во Србија од Цирих, иако, како што истакна, може редовно да патува во земјата затоа што грешката во документацијата не била нејзина.
Како и да е, според најновите информации, еден крајно моќен политичар наводно стоел зад целата ситуација.
Како што пишува српски „Стар“, Рада го одбила кога и се додворувал, а според извор близок до пејачката сето ова всушност било негова одмазда.
-Минатата година, кога таа пееше во Цирих, моќен политичар и се додворуваше и ја повика да дојде во неговото сепаре, што таа одби. Инаку, тој важи за „валкан“ човек и изгледа дека само чекаше можност да и се одмазди на Рада, вели изворот, но пејачката се уште не се огласила по ваквите шпекулации, освен тоа дека планира да ја тужи швајцарската полиција.