Тажна порака на својот профил на „Твитер“ сподели Рада Манојловиќ.
Пејачката напиша трогателни зборови за познатиот српски кошаркар Стеван Јеловац кој почина денеска на 32-годишна возраст.
„Леле луѓе, колку тажна вест! Почина нашиот млад кошаркар. Ужас, каква трагедија, Боже.. Со денови се надевавме и чекавме поубави вести, долго се бореше.. Каква трагедија, голема тага“, напиша Рада.
Стеван беше играч на грчки АЕК, а на 14 ноември доживеа мозочен удар на тренинг. Клубот тогаш истакна дека неговата здравствена состојба е стабилна, но и понатаму критична.
На барање на семејството, тој пред неколку дена беше префрлен во Србија.