Рајан Гослинг ќе го глуми момчето на познатата кукла Барби, во истоимениот игран филм на режисерката Грета Гервиг. На изненадување на обожавателите, продукциската куќа „Ворнер брос“ ја објави и првата слика од глумецот како Кен.
Прикажувањето на филмот „Барби“ засега е закажано за 21 јули 2023, а насловната улога ѝ припадна на Марго Роби.
Во другите улоги глумат Вил Ферел, Мајкл Сера, Ема Меккеј и други познати холивудски имиња. Сценариото Гервиг го пишува со Ноа Баумбах.