сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Разиграни жени по масите му пркосеа на вирусот: Кафеаните за 8-ми март преполни, музиката ечеше најгласно што може (ВИДЕО)

Разиграни жени по масите му пркосеа на вирусот: Кафеаните за 8-ми март преполни, музиката ечеше најгласно што може (ВИДЕО)

Со турбо фолк музика, весели како да нема ниту ковид, ниту пандемија, гости главно жени се забавуваат во кафеана.

Видеото се појави на социјалните мрежни и според она што беше напишано во коментарите од граѓани, прославата пишува дека била вчера за 8 март во кафеана во Дебар Маало во Скопје.

Видеото редакцијата на МКД.мк го испрати до Државниот пазарен инспекторат од каде ни одговорија дека 8 инспектори, вчера од 17 до 22,30 биле на терен во овој реон, но ваква прослава не била затекната.

Од видеото на социјалните мрежи очигледно е дека се работи за прослава во време на пандемија бидејќи дел од персоналот носи маски, но точната локација, време и ден не се знае.

Најнови вести