Дамитe од сите генерации можат да се придржуваат до оваа диета!
Регионалната музичка ѕвезда Северина Вучковиќ со години важи за една од најубавите дами на јавната сцена, а носителка е на титулата фатална дама дури и на прагот на шестата деценија. Покрај генетиката, пејачката се грижи и за исхраната, тренинзите и начинот на живот, бидејќи истакнува дека е голема гурманка.
View this post on Instagram
-Сакам да јадам многу овошје, но и зеленчук, всушност јадам сè. Во последно време исхраната ми се базира на многу овошје, а најмногу ми одговараат шумско овошје, дињи, лубеници, боровинки“ – истакна поп-пејачката за Exkluziv.hr пред неколку месеци.
Веднаш штом ќе стане од спиење, подготвува пијалак за детоксикација, чаша топла вода со сок од лимон, а потоа е време за лесен појадок – смуди од сезонско овошје и зеленчук. Овој пијалак ѝ дава посебна енергија и ентузијазам, а ја одржува сита долго време. Еве го рецептот:
View this post on Instagram
-Морков, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини, понекогаш помешани со бадемово млеко. Понекогаш додавам малку банана за густина, но знае да биде добро и без банана. Јас сакам да јадам и можам количнски доста да изедам“, искрена беше Вучковиќ.
Иако не е личност која секојдневно поминува по неколку часа во теретана, таа со години оди на пилатес, благодарение на што го дефинира телото, но сега нема време да му се посвети во доволна мера.
-Во последно време не сум често во теретана, понекогаш телото мора да се одмори. Јас не сум тип кој оди на тренинзи секој ден. Имам добро тело, така што и еднаш неделно ми е доволно, но ако се подготвувам за турнеја, тогаш одам на тренинг три-четири пати во неделата“ – објасни пејачката.