четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Ролинг Стоунс ја одложуваат турнејата, причината ќе ги загрижи фановите на Мик Џегер

Ролинг Стоунс ја одложуваат турнејата, причината ќе ги загрижи фановите на Мик Џегер

Легендарната рок група Ролинг Стоунс ја одложува својата претстојна турнеја по Северна Америка, што требаше да почне на 20-ти април.

Причината за одложувањето на турнејата е лекувањето на фронтменот Мик Џегер.

„Мразам што ве оставам на ваков начин и многу сум разочаран што мораме да ја одложиме турнејата на ваков начин, но се радувам на враќањето веднаш штом ќе можам”, порача 75- годишниот Мик Џегер преку социјалните мрежи.

Портпаролот на легендарните Стоунси на Твитер ги информира фановите дека по лекувањето, Џегер ќе биде целосно опоравен, но без да објасни каква е неговата сегашна здравствена состојба.

„Докторите на Мик Џегер му советуваат овој пат да ја одложи турнејата“ , кратко соопшти портпаролот.

Северноамериканската турнеја “No Filter” требаше да почне на 20 април во Мајами и да трае до 29 јуни.

Најнови вести