Македонската пејачка Росана Сариќ – Тодоровска ќе стане баба во вторпат.
Имено, нејзината ќерка Ивана и нејзиниот сопруг, Англичанецот Џејмс Холт повторно ќе станат родители.
Росана на својот „Фејсбук“ објави фотографии од својата ќерка и зетот кои со пукање на балони го открија полот на бебето. Ивана и Џејмс повторно очекуваат момче.
Инаку, двојката во 2018 година добија синче за кое го одбраа името Ноа, а тој сега ќе си добие братче.
Потсетуваме, Ивана Џејмс лани го кажаа судбоносното „да“ и влопија во брачните води, а сега повторно ќе имаат повод за радување.