среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Русокосата девојка ги „демнела“ играчите на Челси, па била осудена: Што им правела и како ги малтретирала? Била вистинска предаторка

Русокосата девојка ги „демнела“ играчите на Челси, па била осудена: Што им правела и како ги малтретирала? Била вистинска предаторка

Англиската тиктокерка Орла Слоун, осудена е поради вознемирување на тројца фудбалери од Челси.

Русокосата која има многу следбеници на социјалните мрежи избегнала одење во затвор. Орла Слоун осудена е на 12 месеци затвор условно, плус 18 месеци поради уценување на двајца фудбалери во Премиер лигата и вознемирување на третиот.

Орла признала дека повеќе од четири месеци го следела играчот на Челси Мејсон Маунт и еден месец фудбалерот од истиот тим и репрезентативец на Шкотска Били Гилмор. Осуда за вознемирување добила и поради малтретирање на Бен Чилвел, уште еден фудбалер од клубот од Лондон.

Оваа девојка исто така добила и налог за рехабилитација од 30 дена и 200 часа хуманитарна работа. Наредено ѝ било да им плати на Маунт и Чилвел по 300 фунти, додека пак исто така наредено ѝ било да му плати на Гилмор 500 фунти.

Русокосата признала дека неколку месеци била во љубовна врска со Маунт и дека имала сексуални односи со него. Кога фудбалерот одлучил да ја прекине врската со неа и престанал да ѝ праќа пораки, таа одлучила да го вознемирува.

Кога Маунт ѝ ги блокирал броевите, таа земала нова картичка и непрекинато го „бомбардирала“ со пораки. Едноставно била опседната со него, констатирал обвинителот Џејсон Ситал.

Потоа Орла одлучила да го вознемирува Били Гилмор. Дури почнала да тврди дека е бремена од него иако тие двајца никогаш немале близок контакт. Гилмор пред судот рекол дека нејзините пораки влијаеле на неговиот живот и дека „побегнал“ од Челси во Брајтон каде играл како позајмен играч.

Англиските медиуми ги следеле со месеци случувањата на суд меѓи русокосата предаторка и тројцата фудбалери на Челси. Орла добила прекар „devil baby“.

Таа само на Инстаграм има над 85 илјади следбеници и дупло повеќе на ТикТок. Пред да се посвети на социјалните мрежи работела како продавачка во локална продавница, а потоа и во „Marks and Spencers“.

Потоа почнала да објавува разголени фотографии и заработува по 50.000 фунти годишно. Патувала на егзотични места, како Бали, Индонезија…

Таа се обидела да им се наметне на фудбалерите на Челси, но очигледно дека некаде направила грешка која ја чинела.

Најнови вести