четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Покетино: Среќен сум за првата победа, игравме одлично

Покетино: Среќен сум за првата победа, игравме одлично

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино е задоволен од играта на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Лутон (3:0).

Ова беше прв триумф за „Сините“ по три одиграни кола во фудбалскиот шампионат на Англија.

– Многу сум задоволен и среќен за играчите и навивачите. Ова е заслужена победа. Игравме одлично. Среќен сум, бидејќи првата победа е секогаш многу важна, му дава на тимот самодоверба и верба во она што го правиме, изјави Покетино по натпреварот.

Во следното коло Челзи на домашен терен игра со Нотингем Форест. Натпреварот ќе се одигра на 2 септември. Лутон ден претходно ќе му гостува на Вест Хем.