вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Покетино: Мораме да го освоиме Лига купот, не играме во европските натпреварувања

Покетино: Мораме да го освоиме Лига купот, не играме во европските натпреварувања

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино искажа желба „Сините“ да го освојат англискиот Лига куп.

Челзи синоќа го победи Блекбурн со 2:0 и се пласира во четвртфиналето.

– Мораме да мислиме дека ова е важен турнир за нас. Не играме во европските купови. Ова треба да биде можност за нас да победиме. Исто се однесува и за Премиер лигата и ФА купот, каде што започнуваме во јануари. Секако дека треба да мислиме дека сме способни да освоиме трофеј, рече Покетино.

Во следната рудна од Лига купот, противник на Челзи ќе биде Њукасл.