сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Покетино за победата на Челзи над Фулам: Го добивме заслуженото

Покетино за победата на Челзи над Фулам: Го добивме заслуженото

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино смета дека неговиот тим заслужено ги освои бодови на синоќешниот натпревар со градскиот ривал Фулам во 7. коло на Премиер лигата.

„Сините“ победија со 2:0 со головите на Армандо Броја и Михаил Мудрик.

– За нас е важно да изградиме самодоверба. Играта беше многу добра, многу сум среќен за моите фудбалери. На крајот го добивме заслуженото. Мал хендикеп за нас е повредата на Мудрик. Се надеваме дека тој не е сериозно повреден и дека ќе биде подготвен за следниот натпревар. Во секој тим, кога имате проблеми со повреди како ние, тоа може да влијае на резултатите, но се обидовме да не го користиме тоа како изговор. Ова е неверојатен и многу талентиран тим, изјави Покетино за „Sky Sports“.

Челзи по првата гостинска победа во сезоната во Премиер лигата и се искачи на 11. место во поредокот со осум бодови.

Фулам падна на 13. место исто така со осум бода, но послаба гол-разлика.