Иако долго молчеше за тоа, пејачката Мина Костиќ одлучи да проговори за тоа низ што поминала како самохрана мајка. Таа ја има својата 12-годишна ќерка Анастасија, која ја доби во бракот со пејачот Игор Костиќ, попознат како Игор Х.
Целиот овој период, таткото не давал никаква помош, Мина низ се поминувала сама.
Таа посочи дека детето го чува и расте сама, како и дека единствената помош ја добила од своето семејство.
-Се помирив со фактот дека тоа е така и дека сме сами од нејзини девет месеци, рече пејачката, која на прашањето дали таткото на Анастасија, Игор и помогнал финансиски, рече:
-Благодарна сум на моите браќа, сестри и пријатели, тие се секогаш тука, имам пари за нормални работи, објасни Мина, а дали и Игор ќе се огласи во оваа прилика останува да видиме.