Кристина Тодоровиќ која беше финалистка во 14-тата сезона од музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“ од ден на ден се повеќе го воодушевува милионскиот аудиториум.
View this post on Instagram
Таа откако се појави во шоуто беше мета на коментирање од страна на жирито, а Саша Поповиќ веднаш и понудил решение.
View this post on Instagram
Имено таа денес открива дека се точно две години откако прв пат се оперирала и и било стеснет желудникот, а по таа интервенција младата пејачка успеала драстично да слабе дури 88 килограми.
Поповиќ инаку и вети и дека доколку ослабе ќе и плати операција и за отстранување на вишокот на кожа по нејзиното тело.
Таа вели дека е многу среќна што овој месец следува уште една операција и тоа за затегнување на кожата.
View this post on Instagram
Додава и дека Саша Поповиќ си го исполнил ветувањето и дека едвај чека да започне со нов почеток во животот.
Инаку за потсетување таа кога се појави во музичката емисија имаше неверојатни 142 килограми, па успеа да ослабе дури 88 килограми, а за нејзината понуда пред малите екрани од директорот на Гранд се уште се зборува.
View this post on Instagram