четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Се чека одлука за притвор: Уапсен Дарко Лазиќ, возел пребрзо и под дејство на кокаин

Се чека одлука за притвор: Уапсен Дарко Лазиќ, возел пребрзо и под дејство на кокаин

Пејачот Дарко Лазиќ моментално се наоѓа во полициската станица Нов Белград каде дава изјава, дознаваат белградските медиуми.

Се чека решение за притвор, кое треба да биде донесено по рочиштето.

ЛАЗИЌ УАПСЕН УТРОВО

Да потсетиме, Лазиќ е приведен утрово околу 4 часот на автопатот во Нов Белград.

Според  информации на ПИНК.РС, Дарко Лазиќ бил приведен поради пребрзо возење. Тој возел 117 километри на час на местото каде што максимално дозволеното е 80 километри на час.

Направил и тест за дрога, како и алкотест, кој покажал дека е позитивен на кокаин, а му биле измерени 0,91 промили алкохол во организмот.

Со натамошна контрола е утврдено дека на Лазиќ му е одземена возачката дозвола на 18 декември 2013 година.

 

Најнови вести